За нас
УРБАНИ ВЕСТИ – URBAN NEWS
Урбани вести е информативен медиум кој ја информира јавноста за актуелните случувања и прашања од општ интерес. Во фокусот на неговото работење се урбаните проблеми, јавните простори, инфраструктурата, животната средина и институционалната одговорност за нивното уредување и одржување.
Преку професионално и непристрасно известување, Урбани вести има за цел да ги поттикне транспарентноста, отчетноста и промената на пристапот на институциите кон проблемите што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.
Медиумот обработува и политички, економски, социјални, општествени, културни теми, како и други случувања од јавен интерес.
Точна информација. Непристрасно известување. Јавен интерес.